(Видео) Пратениците на СДС го одбија антипровизискиот закон на Левица, премиерот повторно ги излажа граѓаните

t

Пратениците на СДС го одбија антипровизискиот закон на Левица, премиерот повторно ги излажа граѓаните, истакна денес лидерот на Левица, Апасиев од собраниската говорница.

– На денешната седница на Собранието, на дневен ред се најде Предлог-законот за дополнување на Законот за платен промет предложен по скратена постапка, односно т.н. антипровизиски закон за намалување на екстрапрофитите на банките – поднесен од пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, инфомримаат од Левица.

Премиерот Димитар Ковачевски претходно јавно истакна дека би поддржале закон, со коишто би се отстраниле манипулациите кои ги прават банките врз грбот на граѓаните по пат на т.н. скриени трошоци и кои ги наплаќаат согласно тарифа која самите си ја донесуваат.

И покрај ваквите тврдења на Ковачевски, денес 41 пратеник од власта гласаа ПРОТИВ ваквиот антипровизиски закон.

На денешното излагање на пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, истакна дека донесувањето на ваков Закон значи директно олеснување на граѓаните, а нема никакви финансиски импликации по Буџетот на државата, туку дека Законот бара само парите на граѓаните да останат кај нив, односно да не им ги земаат банките коишто преку ситни крадења профитираат на ниво на година по 40-50 милиони ЕУР.

 Исто така, пратеникот Димитар Апасиев потенцираше дека донесувањето на ваков Закон значи дупло поголема помош од повратот на ДДВ, односно со 0 денари буџетска интервенција им се остава на граѓаните дупло повеќе пари од повратот на ДДВ, велат од партијата.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…