Маричиќ ептен оптимист: Европски стандард за граѓаните до крајот на 2030 година
Целта ни е јасна, реформите мора да продолжат и секоја институција треба да биде на ниво на задачата, особено законодавниот дом, зашто евроинтеграцијата е државен и тимски процес, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, отворајќи ја денешната дебата „Зелена агенда – обновливи ресурси, македонска храна, европски пазар“.
Како што рече Маричиќ, обврската што ја презема оваа Влада е тешка, но развојот, просперитетот, европската економија и европскиот животен стандард се приоритет.
-Знаеме дека обврската што ја преземаме е тешка, но знаеме и која ни е целта – развој, просперитет, европска економија, европски пазари и европски животен стандард за граѓаните до крајот на 2030 година, амбициозна, но достижна цел која само бара посветеност и ангажман на сите општествени чинители. Тоа не е само обврска кон ЕУ и преговорите за членство, туку е и наша должност и обврска кон граѓаните, потенцира Маричиќ.
Според него, сите поглавја од преговорите се важни, но двата кластера, за зелена агенда и за земјоделство се посебно значајни, посебно во овие, како што рече, услови на криза.
Вицепремиерот повтори дека Извештајот на ЕК за годинава покажа добро ниво на подготвеност што е дополнителна обврска не само да се зборува за постигнатиот прогрес, туку и за сите нотирани слабости.
-Колку побрзо ги надминеме слабостите толку побрзо ќе станеме дел од ЕУ, а Владата има силна волја за тоа и е максимално посветена, истакна Маричиќ, додавајќи дека скринингот е дополнителен поттик во целиот овој процес.
Во тек е првиот панел на кој по вицепремиерот Маричиќ, зборува министерот за животна средина и просторно планирање, како и координатор на Кластерот 4, Насер Нуредини, по кој во дискусијата ќе учествуваат и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов и директорот на Агенцијата за енергетика Дарио Николовски. мч/аа/
2022-11-17 11:20:20, од Мирјана Чакарова
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…
Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…
ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…
Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…
Се запалиле бандери за електрична енергија во…
Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…
Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…
Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…
ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…
Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…