Бугарски аршини: Македонски клуб не може, српски почесен конзулат може

t

Бугарската влада донесе одлука со која даде согласност да се отвори конзулат на Република Србија раководен од почесен конзул во Благоевград, јави дописникот на МИА од Софија.

Митко Солаков ќе биде почесен конзул на Србија во Бугарија. Тој ги има потребните јавни и деловни контакти за да помогне во развојот на економските односи, како и соработката во областа на културата и спортот меѓу двете земји. Во моментов е управител на компанијата „МГС ОИЛ“ ЕООД и „Бренд Дистрибуција Бугарија“ ЕООД.

Во аргументите за отворањето на почесниот конзулат на Србија се вели дека политичкиот дијалог меѓу Бугарија и Србија се развива се поинтензивно во последните години, што создава предуслови за активирање на билатералните економски односи, како и во сферата на културата и спортот.

Конзулатот на Србија ќе ја опфаќа територијата на областите Софија, Ќустендил, Перник, Благоевград, Враца, Монтана, Видин и Плевен.

Инаку, сопругата на почесникот конзул Митко Солаков, Анастасија Солакова стана почесен конзул на Србија во Пловдив во 2021 година.

Како што е познато, Бугарија се спротивстави на отворањето на македонскиот клуб Никола Вапцаров во Благоевград, во Пиринска Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…

Република Северна Македонија е силно посветена на…

(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…

Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…