Петковски: Левица е феномен на македонската политичка сцена – Имаат поинаков пристап, привлекуваат млади
Во денешното гостување на Тито Петковски во Само интервју на Канал 5, поранешниот претседател на НСДП истакна дека поголемите политички партии отсекогаш се трудат да ги згазат и ги држат малите политички партии на страна од напредок, но истакна дека Левица е исклучок од тоа.
– Левица е феномен на политичката сцена, имаат попрагматичен пристап. Млади луѓе мобилизираат, настапуваат остро и самоуверено, со години се бара алтернатива, сити се луѓето од СДСМ и ВМРО-ПДМНЕ и луѓето сакаат свежина и поинаков речник, практицирање на друга политика.
Се наметнаа со некој интелектуелистички пристап што не беше својствено, прават анализи на нивните настапи, политичкиот маркетинг е близок до менталитетот на напшиот млад човек.
Мислам дека повеќе штета прават на ВМРО-ДПМНЕ, направија идентификација на Левица со ВМРО-ДПМНЕ, жестината со која ја напаѓаат власта иде чекор понатаму од ВМРО-ДПМНЕ, за некои прашања имаат слични ставови. Левица и СДСМ треба да бидат идеолошки поблиски, ама ако ја гледате програмата тоа е сосема друга партија, која е блиска до сојузот на комунистите, вели Петровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…
Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…
Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…
Левица е на местото каде велешкиот комунист…
Левица и Апасиев му честитаа победа на…
Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…
Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…
По информацијата за само 2 583 студентски…