Член на велосипедскиот клуб „Феникс“ е загинатиот велосипедист на обиколница
Арбр Шаќири од Скопје е велосипедистот кој попладнево загина во сообраќајната несреќата на скопската обиколница кај Радишани, јавува Клан Македонија.
Веста на социјалната мрежа Фејсбук ја објави велосипедскиот клуб „Феникс“.
Со жалење ве известуваме дека денеска се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил удри во двајца велосипедисти од Скопје, на обиколницата во Скопје (Радишани) со движење од Тетово. Во несреќата животот го загуби нашиот пријател и член на клубот Феникс Сајклинг Тим, Арбр Шаќири. Во име на клубот изразуваме најдлабоко сочувство до семејството и блиските“, се вели во соопштението на „велосипедскиот тим Феникс“.
Од МВР за МИА информираа дека во 15:48 часот е пријавено дека на обиколница, после клучка Радишани во правец кон Тетово се случила сообраќајна несреќа во која возило „мазда” со скопски регистерски таблички управувано од Р.Р. (63) удрило во двајца велосипедисти – А.Ш., кој починал на лице место и А.П., кој се здобил со повреди и со возило на Итната медицинска помош е пренесен во ургентен центар „Мајка Тереза”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Германија го повика Иран да разговара…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повикува Иран…
Кога имате ситуација директор на АНБ фалсификатор,…
Лојалност– награда – глупост Можеби ви изгледа…
Иранска опозиционерка: Време е Хамнеи да си…
Марјам Раџави, претседателка на опозицискиот Национален совет…
Стармер: Иран да се врати на преговарачка…
Британскиот премиер Кир Стармер го повикува Иран…
Македонска амбасада во Израел: Затворен аеродромот во…
Од македонската амбасада во Израел информираат дека…