(Видео) Левица: Муцунски да не мисли дека ако не е способен да искоси трева ќе дозволиме да се приватизира игралиште!

t

Отуѓување на народниот имот е показател за неспособноста на општината и градоначалникот Муцунски, реагираат од политичката партија Лвеица на предлогот за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство, за спортски објект – фудбалско игралиште во сопственост на општина Аеродром.

–  На последната 18-та седница, на дневен ред беше додадена дополнителна точка за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство, за спортски објект – фудбалско игралиште во сопственост на општина Аеродром.

 Жестоко реагираше нашиот Советник Дарко Масларковски кој истакна дека ова е показател за слабоста на општината, службите па дури и советот, каде она што е НАРОДНО и општествено најлесно се руинира и не се оддржува, за потоа да се појави СПАСИТЕЛОТ во форма на ЈПП (јавно приватно партнерство), велат од Левица.

– Физибилити студијата која „ДОКАЖУВА” за оправданоста на овој потег не ја прикачиле на точката и уверувањето од службите беше смешно.

 Да се даде на „ПРИВАТНИК” за да се „СТОПАНИСУВА” зошто општината очигледно не е дорасната за истото, не може да ја коси тревата, да ги обележи линиите, да офарба и да ги смени даските за седење на трибините па мора да најде човек кој би го водел местото и би ги правел термините за клубовите и жителите. Тоа е многу сложено и бара ОГРОМНИ средства и организија па подобро ќе го дадеме игралиштето некој да „ЌАРУВА” од него.

 Нека не спијат на тоа уво Градоначалникот Муцунски и администрацијата, НИЕ жителите на Ново Лисиче нема да ДОЗВОЛИМЕ, да се приватизира НАШЕТО фудбалско игралиште.

Да знаат дека ги очекува силен ОТПОР и БОРБА за нашиот имот, ЛЕВИЦА нема да остане пасивна и веќе е започнато анкетирање и средби со жителите и клубовите кои го користат ова игралиште, велат од партијата.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовец нападнал полицаец во станица во Аеродром

На 14.06.2025 година во 19.50  часот во…

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…

Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…