На Месечина да не оделе?! Пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ од Битола наплатиле 750,285 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ПАТНИ ТРОШОЦИ

t

За неколку месеци пратеничките од ВМРО ДПМНЕ од Битола, Олга Лозановска и Силвана Ангелевска наплатиле 750,285 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ПАТНИ ТРОШОЦИ, велат од Левица.

Единствени пратеници кои не пријавиле патни трошоци се пратениците од ЛЕВИЦА, додаваат од партијата.

– Пратеничките од ДПМНЕ од Битола, Олга Лозановска и Силвана Ангелевска во време на криза, продолжуваат да наплаќаат вртоглави суми за патни трошоци. Истите продолжуваат со оваа расипничка пракса во време на криза и покрај тоа што со закон јавниот транспорт им е бесплатен и не мораат да наплаќаат патни трошоци.

Пратеничката од ДПМНЕ Олга Лозановска наплатила 430,345 илјади денари за неколку месеци додека нејзината колешка од истата партија наплатила 327,840 илјади денари

Обичниот граѓанин овие вртоглави суми не можи да ги заработи ниту во една година за разлика од пратениците кои наплаќаат патни трошоци и се луксузираат на сметка на сиромашната работничката класа.

Пратениците од СДС и ДУИ гласаа против предлогот на ЛЕВИЦА за укинување на патни трошоци иако тоа беше ветување на СДС во 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…

Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…

Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија…

Благодарение на силниот и истраен притисок од…