Акција на МВР: Пронајдена дрога, приведени дилери при контрола на објект за игри на среќа

t

Денеска (19.11.2022) во 02:10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.У.(25) и М.Б.(25), двајцата од Скопје.

По претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција извршиле контрола во објект за игри на ул.„Аугуст Цесарец“, сопственост на Д.У., каде М.Б. бил вработен. Притоа, биле пронајдени и одземени ранец со марихуана, повеќе ќесички со марихуана, таблета, две дробилки и дигитална вага.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го чека ли Максим Димитриевски затворска казна?!

Две кумановски компании минатата година поднесоа кривична…

Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…

Како МВР е надлежно да поднесува кривична…

Левица: МВР не демантира дека тендерот за…

МВР не демантира дека тендерот за партиски…

МВР демантира дека Тошковски го наместил тендерот…

„Во врска со написите на политичката партија…

Лажни полицајци претепале маж во Центар

„На 21 јуни 2025 година, во 16:30…