Објавено на:

Тешко него: Полска му забрани влез на Лавров во земјата

t

Русија ја осуди и ја оцени како провокативна одлуката на официјална Варшава која одби да му дозволи на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да влезе на нејзина територија каде што требаше да учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на ОБСЕ.

– Одлуката на Полска е провокативна и без преседан – се вели во соопштението на руската дипломатија.

Варшава не само што се дискредитираше на овој начин, туку и нанесе непоправлива штета на авторитетот на целата организација за европска безбедност и соработка, се вели во соопштението.

Полска, која го организира министерскиот состанок на ОБСЕ на почетокот на декември, вчера соопшти дека на Сергеј Лавров му бил одбиен влез на полска територија.

– Очекуваме Руската Федерација да ги избере членовите на својата делегација во согласност со сегашните прописи – изјави извор од ротирачкото полско претседателство со ОБСЕ. Истиот извор рече дека руската делегација не треба да испраќа „лица кои се санкционирани од Европската унија” на состаноците по руската офанзива врз Украина која започна на 24 февруари, а меѓу нив е и Сергеј Лавров.

Состанокот на 57-те министри за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа ќе се одржи на 1 и 2 декември во Лоѕ, град во централна Полска. Официјална Москва соопшти дека руската делегација ќе ја предводи рускиот амбасадор во ОБСЕ, Александар Лукашевич.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…

Руте разговарал со Зеленски за важноста од…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…