Пикси за ветувањето кон Ноле: Не смееме да го разочараме Ѓоковиќ

t

Новак Ѓоковиќ вети дека ќе замине за Катар доколку Србија успее да се пласира во големото финале на Светското првенство, достигнување кое секако би било најголемо во историјата на фудаблската селекција од оваа земја.

Тоа е сонот кој го има секој фудбалски фан од нашиот северен сосед, но селекторот Пикси е свесен дека мора да се оди чекор по чекор, бидејќи „орлите“ ќе имаат сериозни предизвици уште во групната фаза.

Александар Митровиќ порача дека не се плаши од Бразил пред првиот меч на Светското првенство, но опасни ривали треба да бидат и Камерун и Швајцарија.

– Впечатокот е добар од пријателски меч со Бахреин. На овие контролки пред Светското првенство, најважно е никој да не се повреди. Одигравме добар меч за око, со многу добри акции во нападот, иако не дадовме се од себе.

– Ѓоковиќ најави дека ќе дојде да го гледа финалето? Тоа значи дека мораме да стигнеме до таму, да не го разочараме Ноле. Сите луѓе во Србија и сите навивачи се настроени во таа насока. Јас го разбирам тоа, но мора да бидеме максимално подготвени. Ако некој е подобар од нас, ние ќе му честитаме, но сигурно е дека нема лесно да се предадеме. Одиме меч по меч, го имаме Бразил, па потоа Камерун и Швајцарија. Групата е тешка, но верувам дека ќе собереме бодови за да се најдеме прво во нокаут фазата, а потоа и подалеку, – изјави Пикси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…

„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…

Италија испраќа 500 војници во Милано по…

Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…

Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…

Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…

САД ѝ се заканија на ЕУ со…

Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…

Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…

Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…