Вучиќ пред средбата во Брисел со Курти: Не сум оптимист за преговорите со Приштина

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е оптимист пред разговорите во Брисел на 21 ноември со премиерот на Косово, Албин Курти.

„Одам во Брисел. Мислам дека не можеме ништо, но одам за да не и дадам доволно причини на Србија да биде обвинета дека не сака да направи ништо“, рече Вучиќ во гостувањето на српската телевизија Прва на 20 ноември.

Претседателот на Србија на 21 ноември во Брисел треба да се сретне со премиерот на Косово, во обид да се избегне дополнително заострување на односите меѓу двете земји под покровителство на Европската унија. Вучиќ за Прва потврди дека средбата ќе започне во 8 часот и ги повтори условите на Србија.

„Рековме дека мора да формирате Заедница на српски општини и мора, под два, да ја укинете одлуката за таблички“, рече Вучиќ.

Средбата се одржува поради кризата на релација Приштина-Белград, која настана откако припадниците на српската заедница на север ги напуштија косовските институции противејќи се на одлуката на Владата на Косово за пререгистрација на возилата со КМ (Косовска Митровица) таблички издадени од српските власти.

Покрај барањето за повлекување на одлуката за табличките, политичките претставници на Србите своето враќање во институциите го условуваат и со формирање на Заедница на српските општини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…

Владата најави ново задолжување од 700 милиони…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…

Акиов и се извини на службеничката за…

По насилниот инцидент на денешната седница на…