Саниран е дефектот на блок 1 во РЕК Битола

t

Блок 1 во РЕК Битола од изутрината во 08.35ч е вратен на мрежа и продолжи со производство на електрична енергија, по извршената санација во изминатите два дена.

Санирањето на пречките во делот на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката се изведе 24 часа порано од предвидениот рок и блокот е вклучен во редовно производство.

– Стручните служби и вработените во РЕК Битола кои беа вклучени во зафатот, покажаа исклучителна посветеност и непрестана работа на задачата, со цел и покрај амортизираната опрема и долгиот рок на работа на термоелектраната, за што пократко време да се отстрани застојот и блокот да се врати на мрежа – информираат од ЕСМ.

РЕК Битола е во очекување да пристигне и трансформаторот за Блок 3 кој во моментот се превезува од Грција кон граничниот премин Меџитлија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…

Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…

ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…

Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…

Се запалиле бандери за електрична енергија во…

Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…

Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…

Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…

ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…

Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…