Османи за Алијанса: Дека се разговара потврдија сите

t

Министерот за надворешни работи и функционер на ДУИ, Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите истакна дека со Алијансата за Албанците се разговара за заедничката проценка дека постои политички моментум кој наметнува поголема координација помеѓу политичките партии чија цел е брза трака за членство во Европската унија.

– Дека се разговара, го потврдија сите чинители во процесот, но што се разговара е прашањето. Се разговара за заедничката проценка дека постои политички моментум кој што наметнува поголема координација помеѓу политичките партии кои што имаат за цел брза трака за членство во Европската унија, односно постојат вонредни предизвици кои што бараат вонредни пристапи, рече тој.

Според него од тие вонредни предизвици, први се уставните измени кои што треба да го обезбедат неспречениот тек на преговорите.

– Скринингот кој што исто така бара инклузивност на политичките субјекти кои бараат и веруваат во ветувањето, односно во намерата во 2030 година Северна Македонија да стане членка на Европската унија. Енергетската и економската криза, сето тоа се вонредни пристапи, рече Османи.

Османи потенцира дека тоа не значи дека се воведуваат нови преседани, туку се бара решение за конкретните предизвици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…

Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…

ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…

Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…

Се запалиле бандери за електрична енергија во…

Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…

Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…

Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…

ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…

Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…