Ќучук: Моника Зајкова е храбра жена и се бори за вистинските вредности

t

Претседателот на АЛДЕ и европратеникот Илхан Ќучук му се заблагодари на досегашниот претседател на ЛДП Горан Милевски за големата работа што ја заврши низ изминатите години за ЛДП да стане политичка партија која мисли добро за македонскиот развој.

– Моника е храбра жена, беше заедно со мене во Украина, и докажа дека може да работи и за универзалните вредности, правото да бидеш каков што си, да не ти ја рушат границата, денеска Европа е управувана од жени и среќен сум што и Македонија ќе има лидер жена, потенцираше Ќучук.

Тој додаде дека Северна Македонија треба да биде членка во ЕУ и земјата има потреба од проекти во културата, економијата и енергетиката затоа што македонските граѓани заслужуваат напредок, треба многу работа, но ќе биде големо задоволство да се сработи за подобра иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ