Јовановиќ: Левица стана екстремна десница
Истражувачот Бранимир Јовановиќ, кој последните години е ангажиран во престижниот Виенски институт за меѓународни економски истражувања, во интервју за емисијата “Во Ценатар” го коментираше политиките на партијата Левица во која своевремено бил и основач.
Според Јовановиќ, идејата на Левица се потрошила за време на референдумот, кога тие излегоа со националистички ставови.
“Партијата Левица денеска во Македонија е екстремна десница. Тие се националистичка партија, иако имаат и социјалистички моменти”, изјави Јовановиќ во интервјуто кај Васко Ефтов.
За односите во Левица, Јовановиќ нагласи дека Апасиев се востоличил за претседател, ги сменил логото и статутот, и според него, единствено не го сменил името на партијата.
“Треба и тоа да го направи, треба Левица за да ја прекрсти во Десница и ќе има партија каква што му доликува”, коментира Јовановиќ за Апасиев во емисијата “Во Центар”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…
Левица бараше една изборна единица и укинување…
Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…
ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…