Зајкова: Државава нема друга алтернатива освен ЕУ

t

Немаме веќе ниту време, ниту генерации за губење. Актуелните државни предизвици бараат мудри и разумни одлуки во интерес на сите, без оглед на партиската, етничката или верската припадност. Досегашното политичко искуство ни покажува дека долготрајната упорност, носењето на тешки, но државнички одлуки не доведе до остварување на една од децениските цели, рече новата претседателка на ЛДП Моника Зајкова во својот говор на конгресот на партијата.


– Ние сме 30-та земја членка на НАТO алијансата – каде рамноправно со големите сили носиме одлуки и се бориме против безбедносни, хибридни и кибер закани, но и со едни од најопасните закани – дезинформациите. Ковид пандемијата и агресијата врз Украина ни покажаа колкава е важноста на вистинските и навремени информации и токму затоа сме должни на граѓаните да им ја обезбедиме вистината, и да ги заштитиме од теориите на заговор и конспирациите. Пред нас е патот до полноправно членство во заедничкиот европски дом, рече Зајкова.

Според неа истражувањата на јавното мислење покажуваат пад на поддршката за европските интеграции, пред се поради долгата транзиција, отстапките кои ги направи Македонија и некои ирационални барања, сепак според неа ЕУ е најдобрата, најперспективната и единствена опција за Северна Македонија.

– Мораме заедно да ја враќаме вербата во европското семејство каде што географски, културно и цивилизациски припаѓаме. Сега кога веќе имаме јасно потврден идентитет – македонци кои зборуваат чист македонски јазик и имаат своја македонска култура, доаѓа крајот на идентитетските премрежја и се затвора изворот на внатрешно политичките препукувања, национализмот и популизмот кои не влечеа назад. Затоа наместо докажување кој е поголем Македонец, кој е патриот, а кој предавник, треба да се свртиме на градење на квалитетен живот на нашите граѓани и реализирање на неопходните реформи. Во таа смисла, сакам да испратам јасна порака до партнерите дека ЛДП е подготвена до крај да го изоди европскиот пат, а воедно и да ги поттикнам сите политички партии да се стават над теснопартиските интереси за да ја тргнеме последната пречка која не двои од почетокот на преговорите со ЕУ, рече Зајкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…

ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…