Агелер: САД целосно ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ

t

Американската амбасадорка во Македонија, Анџела П. Агелер денеска ја изрази целосната поддршка на Вашингтон на процесот на интергација на земјава во Европската Унија.

Агелер на средбата со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, нагласи дека ова е важно време за Македонија, донесени се тешки одлуки за отворање на патот кон ЕУ, за што земјата е целосно поддржана од САД.

Битиќи, како што се наведува во соопштението на прес-службата на Владата ѝ посакал добредојде и успешен мандат на амбасадорката Агелер во Македонија и изразил благодарност за одличната работа и отворена соработка на претходната американска амбасадорка Кејт Мери Брнз.

Во соопштението се додава дека Битиќи и Агелер се согласиле со заеднички ангажман и натамошна комуникација, да работат посветено на унапредување на меѓусебната економска соработка која ќе оди рака под рака со преговорите за членство со ЕУ, но пред сé за подобар живот на сите граѓани на Република Македонија.

-Во таа насока, Македонија како полноправна членка на НАТО е сигурен партнер за инвеститорите во земјава, а Владата постојано работи на предвидливост и стабилност на за развој на бизнисот, што води кон развој и раст на домашната економија, се додава во соопштението во врска со средбата Битиќи-Агелер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…

Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…

ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…

Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…

Се запалиле бандери за електрична енергија во…

Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…

Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…

Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…

ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…

Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…