Арсовска во одбрана на народот од Мицкоски и Ковачевски: Богатење со народни пари додека сум јас градоначалник нема да има!

t

Сакам да се осврнам на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски која што ја имаше денеска и сметам дека неговаtа несмасна изјава е дел од неговото политичко неискуство и нема да ја земам за зло, сметам дела ќе има време да покаже и да демонстрира дека не мислел ништо лошо, рече на денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Сакам јавно да прашам кој ќе ги одземе ингеренциите негови и на Владата за нереализација на сите оние проекти кои ги ветуваа а не ги релзизираа. Кој ќе го доврши автопат Кичево-Охрид кој се гради 9 години? Кој ќе го доврши проектот за нов Клинички центар кој се ветува еве веќе цела деценија? Кој ќе му ги одземе ингеренциите за изградба на автопатот кон Крива Палнка, кој ќе му ги одземе ингеренциите за неспроведувањето на натикризни мерки кои требаше да ги превенираат ценовните шокови во Македонија?

Господине Ковачевски,

Денеска би сакала да Ви порачам, да апелирам, да ги исполните прво своите ветувања во рамки на своите ингеренции па да разговаарате за ингеренциите на Град Скопје.

Колку за илустрација, за она кое што беше споменато денеска на прес-конференција.

Во моментов активно се работи на клучката кај Момин Поток, проект кој го наследивме од претходниот градоначалник со бројни проблеми кои што успеавме да ги отстраниме и сега активно работиме на тоа овој проект да се реализира согласнопредвидената динамика.

За она кое што Ковачевски го спомна на ЈСП, сакам да го потсетам дека ова претпријатие стана згубар токму за време на работењето на СДСМ и Петре Шилегов како нивен градоначалник. И го повикувам премиерот да ги употреби своите ингеренциии да ја повика финансовата полиција да го провери работењето на Шилегов и претходниот директор на ЈСП за она кое што беше истакнато во јавноста дека веќе има пријава за проневера од околу 33 милиони денари од тој период.

Кога зборуваме за Универзлна Сала, го повикувам да ги искористи своите ингеренции и да изврши ревиизја на проектот кој беше фамозно дониран на Градот Скопје, кој е иницијатор на сите проблеми кои се појавија во реконструкцијата на Универзална Сала, а гледаме дека сега настануваат проблеми кои бараат нешто кое е решение кое ги загрозува и жителите на Град Скопје, и луѓето кои работат таму.

За подвозникот кај Лимак, за кој беше споменат дека камче не било поместено за да се реализира, само колку за илустрација да го известам премиерот Ковачевски дека од пет фази во реализација се фазата 3 и 4 кои се очекува да бидат целосно завршени следната година, а и покрај тоа што претхосното раководтсво на СДСМ имале 4 буџети за реализација на фазата 1, 2 и 5 воопшто не ги планирале во нивните буџети, а не па да се реализира во некаква постапка. Првите активности преземени да се реализираат овие фази се отпочнуваат дури сега и небулозни се трвдењата дека некој нешто не презема, аодговорноста треба да се бара на друго место, знае господинот Ковачевски кое е тоа место.

На крај, последното нешто кое што беше споменато беше пречистителната станица и морам да истакнам дека ја разбирам потребата на двете политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои имаат огромен интерес да ја преземат изградбата на пречистителната станица да напаѓаат. Впрочем и двете партии до пред некој месец имаа свои претставници во комисијата која одлучуваше по понудите за изградба на пречистителната станица.

Јасно ми е дека одлуката да се сменат членовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вознемири доховите на овие засегнати страни но едно мора да биде јасно:

Политички договори за богатење со народни пари нема да дозволам се додека сум јас градоначалник на Град Скопје! Знам дека не им е мило што го слушаат ова, многу ми е жал што морав јас да бидам камен на сопнување за сега овие две најголеми политички сили во Македонја да ме напаѓаат и тој притисок веројатно е оправдан имајќи го предвид нивниот интерес.

Сакам да истакнам дека пречистителната станица ќе се гради согласно динамиката која што беше договорена, но согласно Закон и без политички влијанија, истакна Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…