Не ги вработил само роднините што не ги знае: Претседателот на синдикатот на ЈСП, Стојановски си ги “ухлебил” сопругата и синот во ЈСП
Јас како градоначалник на Град Скопје сметам дека јавниот интерес е поважен од било чиј приватен интерес.
ЈСП сега е во многу подобра состојба од онаа во која беше оставено, девастирано и ќе беше во одлична состојба да не бевме соочени со ваква економска и енергетска криза која внимавајте никој не се обидува да ја реши, сите се обидуваат да ја обременат, полтиички да манипулираат. Ние ќе се бориме со сето тоа во заштита на јавниот интерес. ЈСП беше оставено во девастирана состојба со само 140 од скоро 300 автобуси, значи половина не беа во возна состојба. Овие автобуси сега се во возна состојба, истакна градоначалничката Данела Арсовска на денешната прес-конференција.
Арсовска истакна дека претседателот на синдикатот на ЈСП, Мичо Стојановски си ги вработил соптугата и синот во ЈСП, а кога неговите лични интереси не биле исполнети започнал со штрајкови.
– Верувам дека гледате дека за првпат во Македонија имаме ситуација каде што се расчистува со сите кои не одат на работа, а земаат плата. Ние апелиравме сите останати институии да го следат ова ама како што гледате нема реакција.
Имаше разно разни обиди за протести, з штрајкови, внимавајте, од луѓе за кои сме утврдиле дека по 4-5 години не се во Македонија, а земаат плата! Каква сериозна злоупотреба е тоа и сега да излегуваат да штрајкуваат и да се повикуваат на работнички права оние кои се неработници.
Во конкретниот случај за ЈСП, како и за Водовод и тоа сметам дека е нешто екстремно сериозно, станува збор за лице кое се претставува како претседател на синдикат. Ќе ме извините, моето лично менние е дека претседтаелите на синдикатите треба да ги штитат работничките права, а не личнот интерес. И конкретно претседателот на синдикатот Мичо Стојановски, кој вели дека имало проблем во ЈСП самиот е вработен со солидна плата во ЈСП, неговата сопруга е вработена во ЈСП и неговиот син си го вработил во ЈСП, на којшто кога му завршил договорот поради тоа што немало потреба од таков ангажман договорот не му бил продолжен.
Нашите сомнежи се дека тоа е единствената причина зошто го осакатија Скопје првпат по 30 години да нема јавен превоз, затоа што во изминатите 30 години многу се доцнело со плата во ЈСП, а сега се прекина не дека се доцни, туку дека на некого личниот интерес не му бил реализиран, вели Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
(Видео) Повторно се запали автобус на ЈСП
Автобус се запали во скопската населба Бутел…