(Видео) Петровски: Немаше да дозволам промена на името, ќе ги извадев сите пратеници надвор од Собрание!
Немаше да дозволам промена на име, ќе ги извадев сите пратеници надвор од Собрание, ќе донесев 100.000 луѓе пред Собрание, вели во денешната епизода на Тешки муабети Филип Петровски. Тој истакна дека доколку бил претседател на ВМРО-ДПМНЕ немало да дозволи промена на името на државата.
– Нема промена со нас, зошто не се откажат Србите во Косово?
Може се поголема и посилна држава ама има рботи од кои нема откажување.
Што се случи кога беше потпишан Преспанскиот договор, се случи ова со Бугарите. Зошто Бугарија претходно молчеше? Чекаа да видат каква способност за преживување имаме како нација и држава, откако станавме мивки, толку.
Ама тоа се претпоставки, јас нема да бидам претседател на ВМРО-ДПМНЕ, не се промовирам со ова, јас не сакам да бидам претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски излегуваше да ја издува енергијата, тој тоа што требаше да го направи, го направи, задачата целосно ја остари. Гоиздува, го умори, го разочара членството, а сите болјари околу него ги одржа во исчекување на новата директорска позиција, вели Петровски.