(Видео) Три маскирани лица со камења го нападнаа “Цар Борис Трети”
Бугарската телевизија „БТВ“ денеска објави видео од инцидентот во кој масикрани лица го демолираат бугарскиот културен центар „Цар Борис Трети“ во Охрид. На снимката од безбедносната видео камера на Клубот се забележуваат три лица како го кршат клубот со камења.
Од СВР Охрид велат дека нема дополнителни информации за инцидентот освен она што беше кажано вчера дека продолжуваат со мерките за пронаоѓање на сторителите.
– Фокусиранои сме на пронаоѓање на сторителите – изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Во врска со појавувањето на видео снимката, тој кусо одговара дека „сѐ што може да помогне во пронаоѓање на сторителите ќе биде употребено“.
Вчера на официјалната страница на Клубот Цар Борис III – Охрид на Фејсбук осамнаа фотографии од демолираниот објект со информација дека инцидентот се случил во 2 часот по полноќ. Искршени се стаклата на влезот на просториите.
Бугарското Mинистерство за надворешни работи (МНР) синоќа го осуди оштетувањето на културниот клуб.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стотици борци на Вагнер пристигнаа во Централноафриканската…
Неколку стотици искусни борци на руската паравоена…