На американско барање Приштина ги одложи за два дена казните за српските возачи

t

Приштина за дополнителни 48 часа ги одложи плановите за казнување на возачите Срби кои одбиваат да е откажат од табличките издадени од Србија, по барањето на Вашингтон за одложување на потегот кој може да предизвика етничко насилство.

Спорот околу регистарските таблички веќе речиси две години создава тензии меѓу Србија и Косово, на чиј север живеат Срби кои ги поддржува Белград. Околу 50.000 етнички Срби кои живеат таму одбиваат да ја признаат независноста на Косово и се сметаат за дел од Србија. Белград повеќе пати порача дека никогаш нема да ја признае независноста на Косово.

Стотици полицајци, судии и други државни службеници од редовите на српското малцинство дадоа откази претходно месецов. Приштина бара локалните Срби да ги заменат регистарските таблички кои ги издава Србија со таблички РКС.

Косовскиот премиер Аљбин Курти извести за одложувањето на Твитер денес во раните утрински часови.

„Го прифаќам барањето (на американскиот амбасадор) за одложување од 48 часа. Среќен сум што можам да работам со САД и ЕУ на наоѓање решение во следните два дена“. Косовската полиција претходно соопшти дека казни би требало да се издаваат од денес во 8 часот наутро и дека ќе погодат околу 10.000 возачи.

Приштина и Белград не успеаја да постигнат договор вчера откако беа одржани итни разговори со посредство на ЕУ, а Брисел предупреди на „ескалација на насилствата“ ако се спроведе планот на Приштина.

Опозицијата на Косово го обвини Курти за загрозување на односите со САД како најголем сојузник на Приштина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…