(Видео) Нормално е да има отпор кога се расчистува со партиски вработувања: Луѓе живееле во Германија, а земале плата тука!

t

Нормално е да има отпор кога има системски решенија кои не им одговараат на двете најголеми политички партии, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во денешното гостување во емисијата “Стадион 10”.

– Сакаме систем во кој што повеќе нема да има луѓе што не одат на работа, а се за тоа платени. И гледате има огромен отпор, луѓе преземаат се можно против овој град затоа што сакаме да овозможиме доколку луѓето одат на работа да си бидат за тоа платени и да ја дадат најдобрата можна услуга за граѓанинот.

Граѓанинот да не чека по шалтерите, да не чека со денови, да има љубезен човек спроти себе. И оние луѓе кои работат во градската администрација и во јавните претпријатија треба да бидат на висина на задачата.

Ама се соочивме со луѓе кои или не работат, или воопшто не одат на работа, а земаат плата. Детектирвме дури луѓе што живеат активно во Германија, воопшто не се вратени во Македонија, а земаат плата. Тие работи ние ги прекинавме сега и нормално е дека отпорот е голем.

Цели партии таму си го вработувале сопственото членство и имало некој клуч по кој тие луѓе влегувале таму, сега веќе го нема тоа, пред се ќе треба да одат на работа и да си ја заработат платата, нагласи Арсовска.

Градоначалничката посочи дека ова треба да биде политика на сите институции низ државата и дека и граѓаните треба да гог поддржат тој процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…