Запален уште еден автомобил на северот на Косово
Во северниот дел на Косовска Митровица синоќа е запален автомобил „шевролет каптива“ во сопственост на Србинот Н.М. регистриран на таблички Крагуевац.
Од косовската полиција потврдија за Коссев дека ноќеска во северниот дел на Митровица е запален кросовер кој имал таблички КГ, како и дека сопственикот го затекнал запалениот автомобил утринава кога тргнал на работа.
Сопственикот истакнал дека не постои ниеден мотив поради кој некој би му го запалил автомобилот.
„Никому не сум му се замерил, приватник сум со години. Не работам во ниедна јавна установа, ни по косовскиот ни по српскиот систем. Па ете, дури и табличките ми се од Крагуевац“, кажал Н.М.
Коссев наведува дека ова е 12-ти запален автомобил од почетокот на оваа година.
„Со исклучок на фрлање бомби, како и најмалку еден запален автомобил за време на октомвриските немири во 2021 година на северот, ова е 63-то возило запалено од 2014 година во средините во кои живеат Србите“, објави порталот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се степале снаа и свекрва, едната завршила…
На 21.08.2026 година во 16:15 часот во…
Трамп: Ормуската Теснина e „американска територија“
Претседателот на САД Доналд Трамп ја нарече…
Деца од Тетово пакувале дрога во работилница
Полициските “тигри” ја воделе акцијата во Тетово…
Огнен фронт низ Македонија: 11 пожари се…
До 13:00 часот попладнево се регистрирани 17…
МВР го прогласи сообраќајот на Табановце за…
МВР известува дека е нормализиран сообраќајот на…