Постигнат договор за покачување на платите на вработените во Клинички центар
Самостојниот синдикат на Клинички центар постигна договор за покачување на нето платата за 2.000 денари, а дополнително ќе се исплаќа и ноќен и минат труд, како и додатоци. Ова ќе почне да се применува со февруарската плата во 2023 година, изјави за МИА потпретседателот на Самостојниот синдикат на Клинички центар, д-р Предраг Серафимовски кој соопшти дека денеска е постигнат договор со Владата и сите одлуки се во согласност со нивните претходни барања.
Покачување на плата ќе добијат медицинските сестри, болничарите, стоматолошките сестри, лаборантите, рендген техничарите. Постигнат е и договор за здравствената администрација да остане како дел од здравството, а не да премине во јавна администрација.
– Обемот на работа на здравствената администрација е многу голем, а и нивните плати се поголеми поради тежината на работата, вели Серафимовски.
Исто така, прифатена е и понудата да не се менува поединечниот колективен договор на докторите за додатоци на плати и дежурства. Во однос на Колективниот договор прифатено е барањето да не се брише Поединечниот колективен договор на Клинички центар и да не се воведе унифициран колективен договор.
– Со воведување унифициран колективен договор нема да можеме да потпишуваме договори за покачување на плати, нема да бидеме заштитени, додаде потпретседателот на ССКЦ.
Самостојниот синдикат на Клинички Центар претходно одржа состанок со претседателите на 56 синдикални организации. На барање на ССКЦ присуствувале и министерот за здравство Беким Сали и заменик-министерот Владимир Рендевски кои ја презентирале одлуката. Само двајца членови биле против овие одлуки, додека сите останати ја прифатиле.
Со одлуката на Советот, најавениот протест на ССКЦ утре нема да се одржи во Клиничкиот Центар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев седи на две столици: Бара европска…
Румен Радев ја поздравува зделката меѓу Доналд…
Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…
Тошковски горд на полицијата: ФБИ ја потврди…
Кога резултатите од работата на македонската полиција…
Мицкоски: Кога-тогаш и Ива и нејзиниот татко…
Кога-тогаш, Ива Михаилова и нејзиниот татко кој…