Таравари за влезот во Влада: Нема врска, чиста шпекулација
Алијанса за Албанците со која раководи Арбен Таравари и натаму негира дека се договорил со премиерот Димитар Ковачевски за влез во Влада. Иако дел од медиумите се повикуваат на извори од партијата и велат дека се договорени и точните ресори, а по првата средба на Таравари и Ковачевски, лидерот на Алијанса со спротивен став.
„Нема врска. Чиста шпекулација“, вели Таравари за „А1он“, на прашањето дали влезот во Влада е договорен заедно со ресорите земјоделие, образование и здравство.
Информација дека Алијанса за Албанците преговара за влез во Влада, кружи вон јавноста од пред две недели. Во петокот имаше и средба Таравари-Ковачевски за која лидерот на Алијанса кажа дека се разговарало за друго, но не и за влез во Влада. По ова, во јавноста се појави информација дека двајцата биле кај Али Ахмети во Зајас, што исто така беше демантирано од Алијанса за Албанците.
Сепак, неофицијално, поддршката на Алијанса за Албанците би ја чинело Владата три министерства и голем број директорски места да бидат раководени од кадри на оваа политичка партија. Во замена, владејачкото мнозинство ќе добие поддршка од нови осум пратеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за охриѓанец, си оградил повеќе…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице…
(Видео) Земјотрес од 7,2 степени го погоди…
Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по…
САД воведоа нови санкции против Куба, насочени…
САД денес воведоа нови санкции врз Куба,…
Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на…
Во тек е интервенција на пожарот во…
„Август е проклет месец“: Путин под притисок…
Украина му го отежна животот на Владимир…