„Да не чекаме слобода ниту од Грците ниту од Бугарите, ами сами ние Македонците да се бориме за наша Македонија“ – На денешен ден е роден Никола Карев
На денешен ден во 1877 година во Крушево е роден Никола Јанакиев Карев, македонски револуционер и наш национален херој. Тој бил учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација и раководител („претседател“) на Крушевската Република.
Во знак на сеќавање ви го пренесуваме писмото кое Карев му го испратил на Гоце Делчев во 1902 година.
„Драги Г(оце)
Моите извештаи стануваат сѐ повеќе и повеќе само како голи констатации на оние свирепости и ѕверства што овој свет ги поднесува.
Одамна требаше веќе да им се даде називот извештаи за несреќите и бедите на христијаните во Вилаетот.
Во Крушевско и Битолско стануваат секојдневно ноќни блокади на села, а многубројните афери фрлаат многу луѓе в затвор. Не треба да чекаме повеќе, Гоце. Време е веќе да станеме и да се биеме. Да не чекаме слобода ниту од Грците ниту од Бугарите, ами сами ние Македонците да се бориме за наша Македонија, што ја засилува организацијата меѓу селаните и да не се споменуваат тврдењата дека „сите Македонци работеле за присоединувањето на Македонија кон Бугарија или Грција“.
Што се однесува до мене, никој не ќе може да ми ја одземе мојата храброст и мојот патриотизам.
Драго ми е да ти соопштам дека сите наши момци се готови со пушка в рака да се бијат.
Н(икола)“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…