(Видео) Трајановски: Не верувам дека Владата ќе може да одговори на потребите и динамиката на проектите како што може Град Скопје – Тие нека си ги исполнат нивните ветувања
Заменик градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски, во гостување во утринската програма на ТВ Сител истакна дека сообраќајниот метеж кој се појавува на неколку локации низ Скопје поради реконструкција на одредени улици и булевари, на некои места треба да заврши до крајот на годината.
Трајановски додаде дека меѓуопштинската соработка на Град Скопје со Општина Центар со години била закочена, што не е случај откако Данела Арсовска е градоначалник на Скопје.
– Системски навлеговме во реконструкција на клучни сообраќајници низ градот, динамиката се одвива полека и поради ситуацијата која политички се наметнува во Град Скопје и во однос на другите сегменти на дејствување. Но динамиката сепак ќе успее да биде реализирана, објасни Трајановски.
Тој нагласи дека изјавата за одземање на ингеренции од страна на Владата за улици кои се во надлежност на Град Скопје е несериозна.
– Владата мислам дека малку е несериозна со ваквата изјава и во однос на одземање на ингеренции на улицте што се на Град Скопје. Мене ако ме прашате Владата може треба повеќе да се посвети на своите ветувања кон граѓаните, од друга страна Владата и владејачката партија многу лесно се расфрлаат со километри во изградени патишта, а во пракса не можеме да ги видиме истите. Не верувам дека решение е одземање на ингеренции од страна на Владата од Градот Скопје, ниту пак Владата не верувам дека ќе може да одговори на потребите и динамиката како што би можел Град Скопје, нагласи Трајановски.
Целото гостување на Трајановски може да го проследите во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…
Штедете и гответе оброци што не бараат…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…