Горецка не може да разбере зошто во Катар нема пиво
Германскиот репрезентативец Леон Горецка ја коментираше забраната за пиво на стадионите за време на Светското првенство во 2022 година.
Не можам да разберам зошто оваа одлука е донесена непосредно пред Мундијалот. Организаторите ги прекршија ветувањата дадени кон навивачите. Ме буни и тоа дека пивото сепак ќе биде дозволено во одредени области на стадионот. Во ВИП просторот, односно во просторот за особено важни гости. Никој не може да го разбере ова, изјави Горецка.
Тој одговори на прашањето од новинарите дали во случај на победа над Јапонија, ќе се слави со пиво во хотелот?
Имаме сериозни барања за физичка форма, мора да посветиме посебно внимание на закрепнувањето. Мислам дека пивото по натпреварот нема да помогне во тоа. Не звучи како фудбалска романса, но така е, рече фудбалерот од средниот ред на Баерн и Германија.
Германците попладнево од 14 часот во Доха ќе се сретнат со Јапонија во првиот свој настап на Светското првенство 2022
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…
„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…
Италија испраќа 500 војници во Милано по…
Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…