Трајановски: Зошто Владата еднострано сега си ја отпишува својата обврска за субвенции на ЈСП?
Самиот претседател на синдикатот ЈСП кажа дека во минатото се доцнело со месеци, а овојпат се доцнеше со платите неколку денови така што се препознава политичката позадина, истакна заменик-градоначалникот на Скопје, Александар Трајановски, во гостување во ТВ 24, зборувајќи во врска со проблемите кои се создадоа во ЈСП.
– Ако тоа е причина за штрајк тогаш во ред. На онаа вонредна седница беше наговестено дека без политички препукувања треба да преминеме на гласање на решение, можевме две седници во еден ден да имаме.
Суштината на саботажата од Владата е многу јасна, од 2015 превозот на средношколците и студентите со 360 милиони денари се субвенционира за да биде бесплатен. За време на онлај настава се намалува на 120 милиони. Зошто Владата еднострано сега си ја отпишува својата обврска за субвенции? Тука настанува суштинскиот проблем, ова е првпат случај Владата и градоначалникот на Град Скопје да бидат од различна политичка определба, истакна Трајановски.
Тој додаде дека синдикатот на ЈСП не работи во корист на работниците туку покажува политичка позадина во работењето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…
Штедете и гответе оброци што не бараат…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…