Борел: БЕЛГРАД И ПРИШТИНА ПОСТИГНАА ДОГОВОР!

t

Белград и Приштина постигнаа договор, напиша шефот на европската дипломатија Жозеп Борел на Твитер.

„Со задоволство можам да објавам дека главните преговарачи, со посредство на ЕУ, договорија мерки за избегнување на понатамошна ескалација и целосно концентрирање на предлозите за нормализација на нивните односи“, напиша Борел.

Тој додаде дека „Србија ќе престане да издава регистарски таблички со ознаки на косовските градови“, додека „Косово ќе престане со понатамошните дејствија поврзани со пререгистрацијата на возилата“.

„Ќе ги поканам партиите во наредните денови да разговараат за понатамошни чекори“, рече Борел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…