МНР најостро го осудува вандалскиот чин врз “Цар Борис Трети”: Граѓаните да ги почитуваат слободите и правата на другите
Министерството за надворешни работи на Република Македонија најстрого го осудува вандалскиот чин што се случил вечерва, 23 ноември, при што меѓу другото со употреба на оружје се оштетени надворешните стакла на граѓанскиот клуб во Охрид, информираат од МНР.
– Особено загрижува фактот што овие вандалски активности се повторуваат во многу краток период, имајќи предвид дека пред само неколку дена, на 20 ноември, бевме сведоци на уште еден вандалски чин кога беше оштетен излогот на клубот. Ваквите настани се целосно неприфатливи, можат да загрозат човечки животи, и ги засилуваат ретроградните процеси кои се во спротивност со европските интеграции на земјава.
Ги повикуваме надлежните институции да ги истражат околностите под кои се случија овие вандалски активности и да преземат итни мерки за откривање на сторителите, како и да преземат дополнителни превентивни активности со цел да се обезбедат соодветни услови за непречено одвивање на активностите на овој и сите други граѓански клубови и здруженија во земјава. Сите граѓани на Република Македонија имаат еднаква слобода на здружување заради остварување на нивните права и уверувања, што преставува и законски и уставно загарантирани човечки, граѓански права и слободи – државата како веродостоен кандидат за членство во ЕУ тоа мора да го обезбеди.
Истовремено апелираме до сите граѓани за одговорно однесување и почит кон правата и слободите на другите, напоменувајќи дека мултиетничкиот карактер на нашата држава е една од темелните вредности на уставниот поредок, кое претставува право и обврска за секој од нас, велат од МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…
Денес во Министерството за надворешни работи на…
Уште имаат храброст да се жалат! Косовско…
Министерството за надворешни работи и дијаспора на…
Жерновски повикан на консултации во МНР
Македонскиот амбасадор во Романија Андреј Жерновски денеска…
Министерот за дипломатија блокира броеви на новинари…
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, одбива…
Муцунски ќе проверува дали имало незаконско работење…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…