Возилото кое вчера пропадна на Плоштадот Македонија не е во сопственост на продукцијата која ја снима серијата “Балканска приказна”
Продуцентскиот тим на турската серија „Балканска приказна” и локалниот партнер Сити Стар Продукција, којашто во изминатите седум месеци се снима на повеќе локации во Скопје, во целост ги демантира информациите пласирани во јавноста во коишто се наведува дека возилото коешто вчера пропадна на плоштадот „Македонија“ е во сопственост на турската серија „Балканска приказна” или Balkan Ninnisi на ТРТ1, стои во нивното соопштение испратено до медиумите.
Тимот на серијата заедно со актерите од Турција работат и живеат во Скопје во изминатите седум месеци, грижејќи се за градот, урбаната опрема и одржување на зеленилото и чистотата на локациите каде што до сега сме работеле, пред се затоа што Скопје е наш втор дом и наша должност е да возвратиме со грижа и почит. На овој начин и ќе продолжиме да работиме во текот на идните снимања.
Изразуваме искрена благодарност до Скопје и скопјани за искажаното разбирање и поддршка којашто ја добиваме уште од првиот ден кога ги започнавме подготовките за снимање на серијата.
Скопје, иако поделен од реката Вардар на два дела, од едната страна Турци и Албанци, а од другата Македонци, сепак живеат сплотено прифаќајќи ги и почитувајќи ги различностите. На ова се темели и приказната на Балканска приказна, серија која ги промовира вредностите на соживот, солидарност и заеднички живот, притоа доловувајќи ги шарените културни традиции на два различни народи и прикажувајќи ги убавините на градот Скопје.
ТВ серијата „Балканска приказна“ е во продукција на Јалчин Ари и Угур Узунок, а во режија на Сердар Акар, Селахатин Санџакли и Еврим Јонеј. Линиски продуцент е Богдан Јончевски и локален партнер Сити Стар Продукција, велат оттаму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…
СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…