Драма во Косово по договорот со Србија – Курти го гаѓаа со цреши, Рама го брани: Не можете да го обвините што се однесуваше како премиер

t

Албанскиот премиер Еди Рама застана во одбрана на својот косовски колега Албин Курти по обвинувањата врз него по постигнувањето на договорот меѓу Косово и Србија за проблемот со регистарските таблички.
Во објава на Твитер вели дека Албин Курти не може да биде нападнат за договорот, кој е “соодветен и благодарение на кој е избегната ескалација на ситуацијата”.


Според Рама, Курти не може да биде обвинуван бидејќи се однесувал како премиер.


„Воопшто не се согласувам со нападите врз Албин Курти по правилниот договор кој за среќа го затвори повторно отворениот пат на непредвидливи случувања! Да го нападнеш Албин затоа што се однесувал како премиер е исто како да бараш отчет од него затоа што не размислува и зборува исто како кога бил во затвор”, напиша Рама доцна синоќа во објавата на Твитер.


Според албанските медиуми премиерот Курти се соочил со низа обвинувања по постигнувањето на договорот со Србија за регистарските таблички.
– Активисти на Социјалдемократската партија, симболично го гаѓаа со цреши пред зградата на Владата каде што требаше да го претстави буџетот за 2023 година. Тие фрлаа цреши кон Курти, кој потоа влезе во зградата преку таен влез, придружуван од обезбедувањето, јавија албанските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Избрана новата Влада на Србија

Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…

ЕУ му врати на Курти: Не одлучувате…

Европската унија ќе ги укине мерките против…

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…