Објавено на:

Зеленски: Уништувањето на инфраструктурата нема да нè ослабне! Ќе ги ослободиме украинските територии!

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека новата стратегија за уништување на украинската инфраструктура, што ја спроведува Русија, нема да ја ослабне нивната решеност за ослободување на териториите.

Во интервју за Фајненшл тајмс, Зеленски се спротивстави на стравувањата на западните земји од ескалација на конфликтот и инсистираше на тоа дека нема да има трајно решение за војната доколку Русија не се повлече од сите територии што ги окупираше.

„Мораме да ги вратиме сите територии, бидејќи верувам дека бојното поле е патот кога нема дипломатија. Ако не можете целосно да ја вратите својата земја, војната е едноставно замрзната“, рече украинскиот лидер.

Русија лансираше 70 проектили кон инфраструктурни цели низ Украина, оставајќи околу 80 отсто од земјата без струја и вода.

Коментирајќи ги нападите, Зеленски рече дека тоа е инцидент што не се случил во минатото „можеби 80, 90 години, ако постоеше земја на европскиот континент каде што немаше струја“.
Зеленски повторно апелираше до западните партнери на Украина да обезбедат повеќе опрема за противвоздушна одбрана за заштита на критичната инфраструктура, како и снабдување со дизел за итни генератори и дополнителен гас за да се надомести недостигот на електрична енергија.

Тој оцени и дека нападите насочени кон цивилната инфраструктура покажуваат дека Москва нема намера да преговара за крај на војната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…

Лавров: Украина мора да остане неутрална

Русија инсистира Украина, како што е предвидено…

Техеран: Русија и Кина зборуваат, но не…

Додека Блискиот Исток повторно се доближува до…

Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети

Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…

Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…

Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…