Бугарскиот министер за култура ќе присуствува на отварањето на бугарскиот центар во Скопје
Денеска во Скопје се отвораат новите простории на бугарскиот Културно-информативен центар. На отворањето, според најавите од бугарските медиуми, ќе присуствува министерот за култура Велислав Минеков.
Отварањето на центарот беше најавено на социјалните мрежи од група која се нарекува “Врховисти”, а денеска во 12 часот група граѓани најави протест пред центарот.
Во посета на Скопје денеска пристигнува и бугарскиот министер за земјоделство Јавор Гечев, на покана на македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Претходно гостин на министерот за екологија Насер Нуредини му беше бугарската министерка за екологија Росица Карамфилова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Бесплатни униформи ќе добијат сите основци во…
И оваа учебна година Општина Центар продолжува…
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…