(Видео) Ковачевски ја злоупотребува премиерската функција за црна кампања против Левица
Ковачевски ја злоупотребува премиерската функција за црна кампања против Левица, велат од партијата.
Пратеничко прашање на пратеникот од Левица – Борислав Крмов до премиерот Димитар Ковачевски:
„Деновиве се случува црна кампања против Левица, дури го извадовте и Бранимир (Јовановиќ) од нафталин, кој беше советник во Министерството за финансии под СДС.
И тоа може да е во ред, се додека Ковачевски не ја злоупотреби својата функција како премиер, па на прес-конференции на Владата тој ја квалификува Левица како некоја црна сила.
Моето прашање до премиерот е: дали СТРАВОТ од енормниот раст на Левица и од очигледната пасокизација на СДС е толку голем, што се решивте да ја злоупотребувате премиерската функција за тесно партиски и дневно политички интереси?” – праша Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…
Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…
Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија…
Благодарение на силниот и истраен притисок од…