Бугарија размислува да купи “Бајрактари”

t

Бугарија ги проучува можноста за купување турски беспилотни летала „Бајрактар”, изјави техничкиот министер за одбрана, Димитар Стојанов, пренесува БНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот технички министер за одбрана изјави дека имало само средба со турската страна, прецизирајќи дека средбата била со извршниот директор на компанијата „Бајрактар”.

Турската компанија понудила информации, соработка и кооперација, вклучително и со бугарски компании, но дека било рано е да се зборува за овој проект.

Компаниите со кои може да се разговара се познати, вели министерот Стојанов, но како што вели, САД се водечка земја. Според него, проектот е во фаза на истражување на пазарот.

Набавката на беспилотни летала е во плановите на бугарското Министерство за одбрана за модернизација на армијата до 2026 година.

Предвидениот буџет за оваа намена се проценува на вредност од 250 до 500 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…

Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Бугарија стана светски лидер во складирање струја…

За помалку од две години, Бугарија стана…

Румен Радев ја повика Европа на дијалог…

Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…

Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…

Бугарската влада во вторник се задолжи за…