(Видео) ХАОС во Србија – Мигранти пукале едни во други: 600 лица се уапсени – Во акцијата вклучени специјалци и хеликоптери

t

По дојава дека мигранти пукаат меѓу себе во месноста Хоргош, српската полиција го пребарала теренот. Приведени се повеќе од 600 луѓе. Во потрагата се вклучени специјални сили, хеликоптери и дронови. Акцијата се прошири и до Белград.

Полицијата синоќа добила дојава дека мигранти се движеле по улица и пукале меѓу себе во месноста Хоргош.

Како што дознава РТС, во тек е голема оперативна акција и се врши претрес на просторот на поширокото подрачје на Хоргош и Суботица. Во потрагата се вклучени и специјални сили, хеликоптери и дронови.

Приведени се повеќе од 600 лица, потврдено е за РТС.

Во Хоргош пристигна и министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ.

Како што соопшти српското МВР, припадниците на ударните оперативни групи од Кикинда и Суботица, како и од овие полициски одделенија, заедно со Жандармеријата, вечерва започнале со детално пребарување на теренот и на лице место биле пронајдени шест мигранти.

Меѓу нив, еден мигрант, на возраст од околу 20 години, имал две прострелни рани во градниот кош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…