Одбележани две години од смртта на Марадона

t

ргентинците и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на маргините на Светското првенство во Катар ја одбележаа двегодишнината од смртта на легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона.

Неколку илјади аргентински навивачи се собраа во петокот вечер на еден од плоштадите во Доха за да му оддадат почит на Марадона и да изразат поддршка на својата репрезентација, која по сензационалниот пораз од Саудиска Арабија, вечерва ја очекува дуел против Мексико во рамки на второто коло во групата Ц.

Улиците на Доха беа преплавени со аргентински знамиња, додека голем број аргентински навивачи го скандираа името на Марадона и пееја песни во негова чест.

Премногу ни недостасува. Секогаш беше со нас. Сигурен сум дека ќе ја гледа репрезентација каде и да е и би требало да ни помогне, рече еден аргентински навивач во Доха.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, рече дека Марадона е бесмртен и најави оти на секо Светско првенство во иднина ќе има ден резервиран за сеќавање на легендарниот аргентински фудбалер.

-Сите знаат за уникатната искреност и харизма кои ги имаше Диего. Беше голем лидер во Аргентина, Јужна Америка и во целиот свет. Мораме да продолжиме да го славиме, додаде Инфантино.

Марадона почина на 25 ноември 2020 година од срцев удар во својот дом во Буенос Аирес додека се рехабилитираше од операција на мозокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…