Српскиот министер за одбрана предупредува: Ситуацијата на Косово и понатаму е тензична

t

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ денеска изјави дека ситуацијата на Косово „се уште е многу тензична бидејќи има многу отворени прашања“.

Во изјава за локален медиум тој нагласи дека се надева дека „одговорите ќе се бараат во форма на дијалог“.

– Србите се загрижени бидејќи не се знае кој е следниот чекор на Курти, човек кој покажа дека не носи многу рационални одлуки и дека не е човек на договори, изјави министерот за ТВ Пинк.

Вучевиќ рече дека Србија „секогаш избира секогаш кога има макар и милиметар простор, решението да се бара со дијалог, што не значи дека ќе проголта се, напротив, туку сакаме да спречиме војни и конфликти“. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Обвинителството го спаси Филипче за модуларните болници,…

ВМРО-ДПМНЕ излезе со остри обвинувања кон Обвинителството…

Возовите ќе возат до 50 километри на…

Регионалниот центар за управување со кризи –…

За влез во Грција, утрово се чека…

АМСМ инфoрмира дека утрово сообраќајот на државните…

Девет активни пожари, огнот беснее на повеќе…

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани…

Сонце и пеколна жега, па невреме: Денеска…

Сончево и многу топло време со температури…