Каде исчезнаа 170.000 Македонци од Пиринска Македонија?
Бугарската ирационална и антимакедонска политика повторно исплива на површина и преку последните информации во врска со пописот во оваа држава.
Последен ваков пример е бугарскиот национален статистички институт, кој ги објави официјалните податоци за последниот попис што се одржа во Бугарија. Според овие податоци, бројот на Македонците што живеат на бугарската територијата изнесува 1.143 и има намалување на бројката ако се земат предвид податоците од 2011 година, кога Бугарија изброи само 1.609 Македонци.
Веднаш по објавувањето на податоците, сите македонски здруженија и организации ја доведоа во прашање вистинитоста на податоците, истакнувајќи голем број неправилности околу спроведувањето на пописот. Експертите и познавачите со кои се консултиравме посочуваат дека посочената бројка на Македонците што живеат во Бугарија е резултат на бугарската државна политика, која е насочена кон асимилација на Македонците, објави Нова Македонија .
Ваквата политика своите црти ги добива уште во времето на бугарскиот комунистички лидер и диктатор Тодор Живков, но продолжува и денес.Но еве како се движела бројката на Македонци во Бугарија, која од година на година тенденциозно се намалува и се фабрикува од страна на бугарските власти.

Во декември 1946 година, во Народна Република Бугарија беше извршен првиот повоен попис на населението. Од вкупно 252.908 жители во пиринскиот крај, 160.541 лица, односно 70 отсто се изјасниле како Македонци. На пописот на населението во 1956 година, во пиринскиот крај, од вкупно 281.015 жители, како Македонци се изјасниле 178.862, или 63 отсто од целокупното пиринско население.
Според пописните податоци од 1946 и 1956 година е очигледно дека Македонците се доминантно население во пиринскиот крај, меѓутоа според пописот од 1965 година бројот на Македонците изнесува само 8.750 жители.
Апсурдноста на податоците што потекнуваат од бугарските државни институции е уште поочигледна ако се земе предвид пописот од 1975 година, кога ниту еден жител на Народна Република Бугарија не се декларирал како Македонец. Официјални податоците од пописот што се одржа во 1992 година никогаш не беа објавени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…