(Видео) Трајановски до Славевски: Прочитајте го деловникот, ова ви се штапски амандмани без архивски број, намерно го блокирате градот!
Заменик градоначалникот на Град Скопје, Алексндар Трајановски на денешната седница на Советот на Град Скопје истакна дека претседателот на Советот, Трајко Славевски го нема прочитано деловникот и не ја познава работата на Советот.
За поднесените амандмани од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Трајановски истакна дека се технички неисправни со единствена цел, намерно истите да не минуваат во министерството за финансии со што ќе се блокира буџетот на Град Скопје.
Според Трајановски, амандманите се напишани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, немаат архивски број, а што е уште потрагично амандманите ги нема видено никој друг од советниците.
Цитирајќи членови од деловникот за работата на Советот на Град Скопје, Трајановски ги разобличи сите лаги на мнозинството и претседавачот со советот.
-Јас ќе побарам извинување од претседателот на Советот, Трајко Славевски поради навредите со кои се расфрла од столчето на кое што седи. Не му доликува на претседател на Совет да кажува кој лаже, а кој не. Во однос на процедурата кога ги цитираме членовите од деловникот за работа и начинот на поднесување на амаднмани токму амандманот кој го посочивте ќе го цитирам сега: Член на Совет може по исклучок да поднесе амандман на предлог одлуката и на самата седница на Советот во текот на претресот на тој предлог само доколку материјалот по точката од дневниот ред е доставен еден ден пред денот на одржувањето на седницата на Советот.. Е сега овде јас ќе ви кажам дека успеав да го добијам амаднманот, мене ми го подаде колешката која седи веднаш до мене, но овој амандман е штапски амандман. Овој амандман нема архивски број. Ова само покажува дека немате доблест да признаете дека грешите, грешевте и на отварањето на 20-тата седница. Грешевте и со наметнувањето на 14-те амандмани кои што беа поднесени за прв пат во историја на Град Скопје на последен ребаланс на буџетот во годината. Исто така грешевте кога технички ви беа неисправни. Силувавте со мнозинство да ги донесете и вметнете во ребалансот, а градоначалничката ви ги потврди известувањата дека вашите амандмани не дозволуваат буџетот да се вчита. И наместо да имате доблест да признаете уште на таа седница ви подадовме рака и ви рековме да ги повлечете, ви рековме дека оние кои се конструктивни ќе ги вметнмете во буџетот за 2023 година, не попуштате, не знаете кај терате. И повторно се криете зад емоциите на луѓето, изгубивме цела недела две седници да ви кажеме дека амандманите ви се технички неисправни и неапликативни во ребалансот на буџетот. Сите ви кажаа дека сте единствени кои поднеле амандмани на ребаланс. И сега повторно без архивси заверен амандман доаѓате да го блокирате Градот Скопје. Згора на тоа на пријавени дискутанти вие не дозволувате дискусија за амандман кој има финансиски апликации. Затоа да се навратиме господне претседателе ви кажувам повеќе пати дека не ги читате или не сте ги прочитале членовите на деловникот, вели Трајановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Дефект“ на подморски кабел во Персискиот Залив…
Дел од корисниците во Пакистан може да…
АХВ: Досега заловивме 96 говеда во Крива…
Бидејќи државата се уште нема одговор како…
Бактерија отпорна на антибиотици се шири во…
Инфекциите на крвотокот предизвикани од бактеријата Klebsiella…
Си Џинпинг со порака до светот: Без…
Мирот, стабилноста, слободната трговија и технолошките иновации…
ГОЛЕМ УДАР ЗА ВУЧИЌ: Европската народна партија…
Европската народна партија (ЕПП), најголемото европско политичко…