Македонец уапсен во Софија! Определен му е 72-часовен притвор!
Македонски државјанин е уапсен и обвинет откако бил фатен како превезува 15 мигранти во Бугарија.
-По барање на Окружното обвинителство во Софија, Окружниот суд во Софија привел 24-годишен државјанин на Република Македонија, кој илегално им помагал на странци да минуваат низ нашата земја, соопшти тамошното Обвинителство.
Според информациите станува збор за македонски државјанин со иницијали Б.Д., кој како што соопштиле од окружното обвинителство на 25 ноември околу 7.45 часот на булевар во Софија, со цел за себе да прибави противправна имотна корист незаконски им помогнал на 15 државјани на Авганистан да престојуваат и да транзитираат низ Бугарија, превезувајќи ги со својот автомобил, марка „фолксваген“.
За случајот е поведена предистражна постапка, а на Б.Д. му е одреден притвор до 72 часа.
Мерката за притвор не е конечна и е предмет на жалба пред градскиот суд во Софија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…
Гаража или паркинг место за автомобил во…
Хаос на Блаце: Се обиделе да бегаат…
Километарски колони се формирани на граничниот премин…
(Видео) Големо полициско присуство и блокиран сообраќај…
Вечерва е забележано големо присуство на полицијата,…
Има уапсени за експлозијата кај Зубин Поток,…
Полицијата изврши рација, има уапсени лица и…
Македонски државјанин фатен со неколку килограми кокаин…
Врз основа на пријава на Вуковарско-Сремската полиција,…