Руската инвазија во Украина го зголемува ризикот од употреба на оружје за масовно уништување!
Руската инвазија на Украина ја зголеми заканата од употреба на оружје за масовно уништување, вклучително и хемиско оружје, изјави денеска шефот на Организацијата за забрана на хемиско оружје – ОПЦВ (OPCW), Фернандо Аријас.
На годишниот состанок на ОПЦВ, тој додаде дека Организацијата внимателно ја следи ситуацијата во Украина.
„Ситуацијата во Украина повторно ја зголеми реалната закана од оружје за масовно уништување, вклучително и хемиско оружје”, рече Ариас на состанокот во седиштето на организацијата во Хаг, нагласувајќи ја важноста на единството на меѓународната заедница во соочувањето со заедничките глобални предизвици поврзани со мирот и безбедноста.
Меѓународните организации за разоружување како ОПЦВ, која ја доби Нобеловата награда за мир во 2013 година, „станаа места на конфликти и несогласувања”, рече тој.
Аријас ги потсети Русија и Украина дека се меѓу 193 земји кои „свечено и доброволно се обврзаа дека никогаш, под никакви околности, нема да развиваат, произведуваат, набавуваат, складираат, транспортираат или користат хемиско оружје”.
Тој потсети дека ОПЦВ и обезбеди на Украина, на нејзино барање, обука на луѓе за итна интервенција во случај на хемиски напади
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…