Не е само синот на Џафери: МАСОВНО ПРЕДВРЕМЕ СЕ ПОЛАГАЛО ПРАВОСУДЕН ИСПИТ!

t

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска вели дека предвременото полагање правосуден испит било масовна појава во времето кога и синот на Талат ЏафериБарлет Џафери, положил правосуден испит пред да дипломира.

Ивановска во емисијата „Топ Тема” на „Телма“ рече дека погрешно се толкува во јавноста дека Антикорупциска не отвора предмет за случајот со Барлет Џафери. Таа вели „не дека не сакаме, туку дотука можеме да истражуваме”.

– Начнавме еден случај, но за жал мислам тоа било масовна појава во тоа време. Привлече за уши дека е син на познат функционер, но веднаш после тој предмет јас кажав за уште еден таков случај, но не допре до јавноста бидејќи не е познат, рече Ивановска.

Тоа што падна во очи, вели таа, е тоа што воочиле дека во февруари 2015 година Џафери го положил правосудниот испит, а во јули истата година се стекнал со 300 кредити, односно завршил магистерски студии.

Претседателката на ДКСК посочи дека не можеле да откријат кој е тој што му дозволил на Барлет Џафери да полага за адвокат или судија, уште пред воопшто да стане правник.

– И тоа е нашиот проблем, затоа за нас постапката застанува тука, рече Ивановска, додавајќи дека податоци побарале од сите институции и оти таргет за нив се службените лица.

Оттогаш, како што рече, поминати се седум години и делото е застарено. Меѓутоа, додаде Ивановска, за да покренат каква било иницијатива, треба да имаат документ, бидејќи не можат тоа да го направат врз основа на претпоставки.

– Ние го извадивме случајот на виделина. Во тоа време ова било појава. До мене стигнуваат информации дека многу лица се пријавувале да полагаат предвреме правосуден испит, како да имало сива зона во тој период, нагласи Ивановска.

Затоа, како што заклучи, нивната препорака што произлезе од последната седница, е Министерството за правда на веб-страната да си отворат место со дукументи на сите кои се пријавиле како кандидати за правосуден испит и да не се ништат, а од инспекторите побарале да утврдат дали се применуваат законските одредби или повторно се прават злоуптореби.

– Ние треба да имаме систем отпорен на непотизам и корупција кој сам ќе ги отфрла. Може тие деца вредат, но може не вредат, а земаат место на тие шти вредат, рече Ивановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Машала: И Љутков има стан во Бугарија,…

Министерот за култура, Зоран Љутков има четири…

Муцунски ќе одлучува дали членовите на Антикорупциска…

Членовите на Државната комисија за спречување корупција…

Барањето за дипломатскиот пасош според закон не…

Повикувајќи се на член 11 од Законот…

ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат…

Волкот го менува влакното, но не и…

ДКСК сепак, покрај дипломатските пасоши барала и…

Претседателката на Државната комисија за спречување на…