Не умри магаре до зелена трева – Костадинов: Следната година ќе се живее подобро
Потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов, денеска се обрати на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината” што се одржа во општина Чашка.
Костадинов пред присутните рече дека СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски имаат план за конечно надминување на последиците од економската криза и постепено враќање на предкризните стапки на економски раст.
– Изминативе 10 месеци преземавме низа мерки за помош на граѓаните и поддршка на компаниите за справување со последиците од кризата, само со последниот од двата пакета мерки вредни 760 милиони евра, опфаќаме скоро 200.000 граѓани на кои им помагаме. Владата предводена од СДСМ подготви Буџет за 2023 година кој е одговор на последиците од глобалната економска и енергетска криза. Со Буџетот за следната година се предвидуваат средства за нов раст на минималната плата и пензиите, но и 800 милиони евра за капитални проекти, што ќе има силен импакт врз економскиот раст и повеќе инвестиции на локално ниво, порача Костадинов.
Потпретседателот Костадинов истакна дека СДСМ покажува што значи вистинска грижа за земјоделците и за сите други категории на граѓани.
– Во најкризната година ги исплативме сите заостанати субвенции кон земјоделците, но воведовме и нови форми на поддршка затоа што оваа криза покажа колку е важно домашното производство на храна. Ги уверувам и земјоделците и сите останати граѓани, дека следната 2023 година ќе се живее подобро, дека македонската економија ќе расте, а доказ за тоа се и бројните инвестиции кои се случуваат насекаде низ државата, заклучи Костадинов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петров: Изборот на Филипче за претседател на…
Поранешниот член на СДСМ, Андреј Петров, во…
ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…
Падот почна од СДС, Венко Филипче и…
Фала на поддршката ама и вие и…
Српски студент како глас на српските стденти…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…