(Видео) Зеленски: Украина никогаш нема да прифати наредби од Москва!
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во редовното видео-обраќање на Фејсбук истакна дека Украина нема да прима наредби од Москва, а притоа наброи и какви штети нанела руската армија врз украинската инфраструктура.
– Денес, како и секој друг ден, окупаторите повторно го гранатираа Херсон и заедниците во регионот. За само една недела, непријателот пукал 258 пати врз 30 населени места во областа Херсон.
Руската армија ја оштетила и пумпната станица која обезбедувала вода за Миколаев.
Па, што може да се каже за нив? Ова е вистинската суштина на оние кои ја водат Русија. По 20 години владеење, голем дел од сопствената држава е во таква пропаст, како да се случила војна таму.
Тие не се способни за ништо друго освен за уништување. Ова е се што оставаат зад себе. А она што сега го прават против Украина е обид да се одмаздат. Да се одмаздат за тоа што Украинците постојано се бранеле од нив.
Украина никогаш нема да биде место за уништување. Украина никогаш нема да прифати наредби од овие “другари” од Москва. Ќе направиме се за да го вратиме секој објект, секоја куќа, секое претпријатие уништено од окупаторите, истакна Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…