Гир ги искара: Владата и опозицијата заедно да работат за спроведување на европската агенда
Ги отворивме пристапните преговори, а во срцето на тие преговори е почитување на законот и спречување на корупцијата, но секако најкруцијално значење кога зборуваме за овие реформи е и Владата и опозицијата заедно да работат за спроведување на европската агенда, изјави денеска шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Дејвид Гир, по промоцијата на проектот „Clean AirDrom – нула цврст отпад во Општина Аеродром“.
Запрашан да го коментари тоа „што Владата ја обвинува опозиција оти наводно е проруска, а им дава државјанства и ги подржува проруските бизнисмени или криминалци“, како украинскиот бизнисмен Олександар Онишенко, евроамбасадорот Гир истакна дека секоја институција ако види дека некој извршил кривично дело, тоа лице треба да го изведе пред лицето правда и треба да биде независна и професионална во тој процес, а тоа во овој момент на пристапување е дефинитивно во фокусот на ЕУ.
Прашан за изјавата на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов дека Македонците и Бугарите се ист народ што живеат во две држави и говорот ист јазик, Гир рече дека е многу важно односите помеѓу Бугарија и Македонија да продолжат да се подобруваат, а тоа се докажа и со отворањето на новиот бугарски културен центар во Скопје во петокот.
– Исто така, многу е важно сите лидери и сите политичари да имаат меѓусебна почит и одговорност да работат кон развој на односите помеѓу двете држави, што е од сечиј интерес, додаде Гир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Венс по серијата прекини во САД: Владата…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека…
Пленковиќ од Вуковар: Нема попуштање кон Србија…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Вуковар…
Нема да има веќе колони?! Се размислува…
Се размислува за воведување електронска наплата на…
САД предупредуваат: Хакери поврзани со Иран ги…
Хакери поврзани со иранската влада и проирански…
Петрова најавува сопки и за Србија во…
Бугарија не дава безусловна поддршка на ниту…