Чиз до Муцунски: Борбата на Левица против угостителската мафија во Аеродром ќе оди до крај без разлика на последиците!

t

Борбата на Левица против угостителската мафија во Аеродром ќе оди до крај без разлика на последиците. Доколку Тимчо Муцунски нема намера да го оправда мандатот пред жителите кои се жртви на мафијата и да се бори за поубав и поспокоен живот на своите жители има кој да се бори.

Има многу начини за борба од институционална со тужби до субјектите и кривични до лица од општината за злоупотреба на службената положба со доделување незаконски одобренија за градби. Одобренија без потребните потписи од станарите или со фалсификувани потписи. Има многу разни примери на злоупотреби кои секојдневно пристигнуваат до нас од загрижени и немоќни жители пред башибозукот на оваа мафија.

Има и други начини за борба на улица па дури организирање на протести со жителите пред субјектите на мафијата и блокирање на улиците што не е исклучено како опција доколку работите не се подобрат до пролет.

Доколку зградата на Фатмир Етеми кај Три Бисери беше последниот клинец на ковчегот на политичката кариера на Марин, оваа мафија и нејзината бахатост може да биде последниот клинец на политичката кариера на Тимчо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова најавува сопки и за Србија во…

Бугарија не дава безусловна поддршка на ниту…

(Видео) ЦИРКУС ВО СРПСКОТО СОБРАНИЕ: Пратеник му…

Лидерот на опозицијата, Александар Вучиќ, му се…

Иран негира вмешаност во планираниот терористички напад…

Ги отфрламе како целосно неосновани тврдењата на…

Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…